Во првото полугодие од 2017 година од областа на семејното насилство поднесени се кривични пријави за вкупно 384 сторители. Од нив 94 % од сторителите на кривичното дело се мажи, а во најчест случај извршителот на семејното насилство е сопруг дури во 161 од случаите, син во 84 од случаите и татко во 21 од случаите на пријавено семејно насилство.
Најранлива категорија во семејното насилство и понатаму дури во 75% се жените, а покрај нив жртви на семејно насилство се и родителите и децата. Според начинот на извршување најзастапено е физичкото насилство дури во 323 од случаите , 17 случаи на физичко насилство со ладно оружје и во еден случај со употреба на огнено оружје. При семејно насилство на жртвите во 58% од случаите им се нанесени телесни повреди, а во 39% од случаите се работи за кривично дело ,,загрозување на сигурноста,,. Најчесто семејните насилства се извршени во состојби на растројство и тоа во 164 од случаите
Во дадениов период регистрирано е едно убиство на сопруга и два обиди за убиство.