Светски ден на поштите

Светскиот ден на поштите се одбележува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнината од основањето на Светскиот поштенски сојуз во 1874 година во швајцарскиот главен град Берн. Овој ден беше прогласен на UPU (Universal Postal Union) конгресот кој се одржа во Токио, Јапонија во 1969 година. Оттогаш, земјите ширум светот учествуваат во прославувањето на овој ден секоја година. Поштите во многу земји го користат овој ден за да воведат или промовираат нови поштенски производи и услуги.

Во 2015 година земјите од целиот свет се обврзаа да работат заедно кон постигнување на целите за одржлив развој од Агендата 2030, кои имаат за цел да се стави крај на екстремната сиромаштија и глад, да се борат против нееднаквост и неправда, и да преземат акција за да се спречат климатските промени. Имајќи своја улога во овој глобален напор, поштите денес имаат порелевантна улога од било кога преку обезбедување на инфраструктура за развој.

WebOhrid