МНР Димитров на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

На покана на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во Будимпешта ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Тоа се потврдува и со одржувањето на редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан.

Годинешниот состанок во Будимпешта се одржува во рамките на Унгарското претседателство со Вишеградската група, а исто така се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Естонија, Романија и Словенија.

Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан.