ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„Почитувани,
Зарем може да се очекува нешто друго освен лаги од расипничкиот и неспособен СДС во агонија и недостиг на квалитетни кадри заедно со Јован Стојаноски најкомпромитирано лице кое зад себе има финансиски скандали, криминал, мито и корупција. Партиски послушник и продолжена рака на Тунтев и Заев за да се продолжи политиката на лаги, понижување на охриѓани и неспособност да се раководат институциите а со тоа уништување на градот Охрид.
Тој нема никаква визија нити проекти како да создаде подобри можности за охриѓани. Стојаноски единствено е познат по примање мито за полагање на испити и неговото недолично и скандалозно однесување како на факултетот така и во јавност.
Охриѓани се сеќаваат дека во време на владеење на СДС, Стојаноски како продекан за финансии трошејќи пари за скапи патувања, вечери и високи бонуси за неговите колеги беше виновникот за финансискиот колапс на Факултетот за туризам и угостителство. Тие нема да дозволат истото да се случи со нивната општина.
СДС ги потценува и навредува охриѓани со корумпиран митаџија со скандалозни и недолични однесувања, неспособен и извалкан човек чиј единствен интерес е личниот профит, вмешан во бројни афери, кој ниту направил нешто во својата кариера, освен дебели профити за во својот џеб.
Охриѓани многу добро ја препознаваат нивната стандардна политика со долгогодишните лаги, манипулации и задолжување, урбана мафија, корумпираност и неажурна локална власт на чело со партиски војници.
Дали наместо квалитет, стручност и едукативност како карактеристики на кандидатотот за градоначалник што ги нема тоа ќе значи ослонување на партиска книшка од СДС, непотизам и тесни бизнис интереси и зделки?
Ваквиот деструктивен начин на водење е симбол на Јован Стојаноски и неговиот губитнички тим.
Почитувани,
Охриѓани знаат дека на локалните избори на 15 октомври ќе биде избран градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ стабилен вреден и чесен татко на кој пред с`е приоритет ќе му претставува совесното и домаќинско работење како со Општината така и со Јавните претпријатија и редовното примање на приходи на вработените во Локалната самоуправа без разлика на нивната политичката припадност. “- стои во соопштението.