Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски денес на прес-конференција ги презентираше резултатите од работењето во изминатата 2016 година, како и ги претстави проектите кои ќе се реализираат во 2017 година.
„Преземајќи го управувањето на Општина Дебрца, уште на самиот почеток се поставија приоритетните проекти, активности и мерки кои беше неопходно да се преземат и имплементираат, со една заедничка крајна цел, обезбедување на директни придобивки и подобрени услуги за целото население во Општина Дебрца. Во изминатата 2016 година покажавме дека успесите се достижни. Се разбира за нивно постигнување беше потребен труд, време и секако финасиски можности за реализирање на зацртаните проекти. Постигнатите резултати и успесите се поголеми кога се заслужени и кога се вреднувани од пошироката заедница. За мене како човек, големо значење имаше поддршката што ја добив од локалното население, како предизвик и мотивација, за реализација на проектите што рековме дека ќе ги исполниме и мерките што ветивме дека ќе ги спроведеме. Вербата во развој, сигурна иднина и пристоен живот се преточени во реализираните проекти. Моја крајна желба е Општина Дебрца да стане едно пристојно и посакувано место за живеење. Во 2016 Општина Дебрца заедно со Владата на РМ продолжија со реализација на новите проекти од ветената програма кои ќе значат подобрување на квалитетот на живеење на целото население.Во тој контекст во текот на 2016 година се реализираа Проекти со вкупна вредност од 76.770.000,0 денари а тоа се следните проекти: Изградба на фекална канализација во Горенци, Алфалтирање на локален пат од Злести до Лешани во должина од 2 км, Изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа и Горенци, Асфалтирање на улица во Ботун во должина од 1 км, Изведба на атмосферска канализација во Ботун во должина од 300 метри, Организирање на Фолк фест ЦРЕШНОБЕР 2016, Реконструкција на Основно училиште во Оровник, Изградба на бетонски премин на река во Годивје, Санација на фудбалско игралиште за голем фудбал во Белчишта, Тампонирање на полски пат од Волино до Требеништа, Реконструкција на водоводна мрежа во Требеништа, Реконструкција и санација на Културен дом во с.Лешани, Изградбна на пешачка патека покрај Охридското езеро во Оровник, Тампонирање на локални улици во с.Лактње.“ – истакна Трајкоски.
За 2017-та година предвидена е реализација на голем број на инвестиции со што ќе продолжи трендот на развојот на Дебрца во секој поглед, рече Трајкоски. Во 2017 година предвидени се следните проекти:
- Санација на фудбалско игралиште за голем фудбал во с.Волино
- Санација на фудбалско игралиште за голем фудбал во с.Лешани
- Санација и реконструкција на Културен дом во с. Злести
- Санација и реконструкција на Основно училиште во с. Ботун
- Доизградба на Фекална канализација во с.Мешеишта
- Организирање на Фолк фест ЦРЕШНОБЕР 2017
- Набавка на комунално возило за собирање на отпад
- Изградба на фекална канализација во с.Лешани и с.Велмеј со пречистителна станица
- Партерно уредување околу извори „ДОЛНИ ИСТОК“ во с.Велмеј
- Санација на каптажа на извор „Тројане“ во с.Оровник
- Санација и реконструкција на Пумна станица за водоснабдување“св. Еразмо”
- Изградба на плоштади во селата Велмеј, Лешани, Злести, Белчишта, Ботун, Климештани, Мешеишта, Требеништа, Волино, Горенци и Оровник
- Асфалтирање и тампонирање на локални улици во с.Оровник, с.Горенци,с.Требеништа,с.Мешеишта,с.Ново Село,с.Врбјани и с.Брежани. Или со вкупна вредност на проектите од 77.320.000,0 денари.
Додеде дека ќе се реализираат и други проекти кои ќе значат добивање на уште поголем квалитет на животот во Општина Дебрца.