Утре во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи Етно вечер насловена НЕЗАБОРАВ. Љубителите на старата македонска чалгиска музика ќе имаат можност да го проследат настапот на ФА Бисери, Ансамбл Билјана јуниор, а како специјален гостин свој настап ќе има маестро Зоран Џорлев.
„Песната е нашиот идентитет. По старата македонска чалгиска музика сме препознатливи и уникатни во светот. Преку ваквите настани, ќе го исполниме аманетот на авторите кои стојат зад овие дела и само така ќе ги сочуваме од заборав.“ – вели организаторот на овој настан, Ѓоко Алоски.
Настанот започнува во 20 часот, а билетите по цена од 100 денари можат да се купат во специјализираната музичка продавница Зи Зи Топ во Охрид.
Истиот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.