Вечерва на градскиот плоштад во Охрид се одржа завршниот митинг на СДСМ и коалицијата „Живот во Охрид за сите”. Свои обраќања имаа кандидатот за градоначалник, Јован Стојаноски, и носителот на листата на кандидати за советници, Константин Георгиески. Се обрати и премиерот на Република Македонија Зоран Заев.
„Гордо,транспарентно и одговорно, стоиме исправени пред Вас, за уште еднаш да Ве увериме дека целосно стоиме на дадениот збор и дека ќе донесеме „Живот во Македонија за сите“. Ќе донесеме нов живот во Охрид,живот кој ни беше одземен, со единаесетгодишното криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го вратиме сјајот на нашиот древен град. Товарот на режимот, кој ни тежеше, заедно го носевме и заедно ќе го тргнеме од нас. Тешкото време не истошти, но и не зајакна, ја направи нашата воља за промени челична и незапирлива.Верувајте, пред Вас стојат луѓе со искуство,кредибилитет и личен интегритет, луѓе кои знаат и умеат да ги решават проблемите и да Ве водат кон подобра иднина.Патот кон иднината го започна нашиот лидер и херој Зоран Заев,на тој пат чекориме заедно, со крената глава и чиста мисла.Ова е револуција против еден мрачен систем што го креираше ВМРО-ДПМНЕ, неговата врхушка и криминална фамилија. Ние сме тие што ќе го тргнеме од нашите животи и ќе го испратиме во мрачните делови на македонската историја. Нашата коалиција предводена од СДСМ, наместо стагнација и рушење на човековото достоинство, ќе донесе нов живот-живот за сите.Ние знаеме и бидете уверени дека ќе го направиме тоа. Рековме ДОСТА за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и криминалната фамилија кои заедно со нивната локална партиска испостава, го опустошија Охрид. Почитувани пријатели ,нема проекти. Останаа само лагите од централната и локалната власт на ДПМНЕ. Останаа само новоизградените палати,станови,дуќани, скапи џипови,луксузни автомобили и дебелите банкарски конта на локалните шерифи на ДПМНЕ. Ве уверувам дека нивните сопственици ќе бидат јавно обелоденети по нашата конечна победа и расплетувањето на пајаковата мрежа на нивниот омилен ментор Никола Груевски. Ви дадовме збор дека со оваа револуција ќе донесеме нов живот.Живот во кој граѓаните ќе се на прво место и секој ќе биде свој на своето.Да бидете горди на своето место во потесната и пошироката заедница. Вложувајте во себе и сами планирајте како ќе го користите спечаленото. Обврската на коалицијата предводена од СДСМ е да ги обезбедиме условите за почитување на правото и правичноста.Да обезбедиме услови за индивидуален и сеопшт напредок.Да обезбедиме нов квалитетен живот во Охрид и Република Македонија. Ние,кандидатот за градоначалник Јован Стојаноски и кандидатите за членови на Советтот на Општина Охрид, имаме јасна визија и програма како да го подобрииме животот на нашите сограѓани.Овие избори се важни за заедничката иднина. За Вас , за нас и иднината на нашите поколенија. Ни треба континуирано подобрување на инфраструктурата,рамномерен економски развој,работни места,повисоки плати,квалитетно образование,здрав и квалитетен начин на живеење. Ни требаат многу нешта за да ја вратиме изгубената насмевка на лицата на граѓаните и вербата за нов живот.Верувајте, имаме визија и знаеме како да донесеме живот во Охрид и Република Македонија. Конечно, граѓаните го забораваат Никола Груевски, ДПМНЕ и криминалното владеење на фамилијата, но нема да ги заборават злоделата и ќе бараат казна за злосторничкото здружување и уништување на Република Македонија. Велат никој не простува, а камоли историјата. Доаѓа нов живот. Достоинствен и праведен.Доаѓа нов живот за сите! Место мрачен и криминален, доаѓа живот со достоинство за граѓаните,весел и полн со ведри и насмеани лица. Нека ни е честит првиот чекор на патот за нов живот за сите во Охрид и Република Македонија.Се боревме за новиот живот заедно со Вас и затоа очекуваме, на 15ти октомври, да го заокружите бројот 19, 19 за идниот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски,19 за кандидатската листа на СДСМ и коалицијата,19 за живот во Охрид за сите.“- истакна носителот на советничката листа од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиевски.
„Гледајќи ја оваа импозантна слика и чувствувајќи ја Вашата победничка енергија, без никаква задршка, од овој миг можеме заеднички да почнеме да одбројуваме. Многу било, малку останало. Само уште два дена кога за век и веков ќе го испратиме на буништето на историјата човекот кој сакаше да ѕида парапетче околу најубавото езеро на планетава Земја и човекот или поточно – нечовекот кој се обиде на некакви белосветски шарлатани и криминалци, на некакви субрати, како свадбен чеиз, како нешто од мајка му или од татко му, да го подари најголемото македонско и светско природно богатство. Тоа што започна на 27-ми април со херојскиот стоицизам на Зоран Заев во Собранието на Република Македонија, треба да заврши во недела. Петнаесетти октомври треба да биде запишан во историските учебници како ден на кој заврши ерата на Никола Груески. Заврши ерата на груевизмот. Завршија најцрните единаесет години во повоената историја на македонскиот народ.Има десетици, стотици,илјадници причини зошто ерата на Никола Груески е најцрниот период во повоената македонска историја, ќе наведам само една: Затоа што цели единаесет години во очи го гледаа и во очи, безочно го лажеа сопствениот народ. Затоа што беа поголеми лицемери и од оние за кои славниот Прличев ќе рече: „Лицем светци, срцем в‘лци“. Каде е новиот пат до „Свети Наум“ што го ветија уште во далечната 2006-та година?Каде е затворениот пливачки базен¬¬?Каде е марината? Каде се петте нови училишни згради и настава во една смена? Каде се петте фудбалски терени? Каде е Домот за стари лица? Каде е Конгресниот центар? Каде е новиот пазар?Каде е новата автобуска станица?Каде се трите фискултурни сали кои им ги ветија на учениците кои денес сигурно се веќе оженети и омажени?Во духот на оваа нова политичка пракса и култура и во духот на онаа старата дебрчка поговорка, дека: „Човек се држи за збор, а нешто друго за огламник“, вечерва пред Вас и пред граѓаните на Општина Охрид го давам мојот збор и се обврзувам дека: Ќе ја приспособуваме целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните; Ќе градиме одговорно, квалитетно и домаќински за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина; Ќе ги намалуваме разликите помеѓу градските и селските средини; Ќе обезбедиме чиста и здрава вода за пиење и чист воздух за сите; Повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво; Поголема вклученост на бизнис-заедницата во дефинирањето на општинските приоритети и воведување на бизнис-форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој; Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници; Ниту еде сокак, ниту едно населено место во Општина Охрид, во 21-ви век, повеќе не смее да остане без квалитетна и функционална водоводна и канализациона мрежа; Во најкраток можен рок ќе се направи санација и доизградба на колекторскиот систем; А, конечно, ќе започне и реализацијата на големиот проект за гасификација на Охрид; Ќе изградиме четири спортски сали во основните училишта „Братство-единство“, „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“ и во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“;Ќе изградиме Младински културен центар и Дом за стари лица;На местото од дотраената и руинирана Маларична, ќе изградиме нов и современ Здравствен дом;Ќе направиме доградби, проширувања и модернизација на постојните објекти од Детската градинка, а со тоа ќе го зголемиме опфатотот и ќе го подобриме квалитетот на претшколската дејност;Ќе изградиме катна гаража во централното градско подрачје;Ќе отвориме откупно-дистибутивен центар за земјоделски производи и финансиски ќе го помогнеме оранжериското производство;Ќе го модернизираме Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ и севкупно ќе го помогнеме развојот на спортот во нашиот град?На секој план, ќе направиме се што е потребно лицата со инвалидитет да имаат еднакви услови како и останатите;Со наша финансиска поддршка, ќе иницираме изготвување на научни студии за спас на Студеничкото блато, за чисто Езеро и чисти реки и за геотермалните води во Косел; Со наша финансиска поддршка ќе иницираме изготвување на студиозна и одржлива стратегија за развој на Охрид како брендирана светска туристичка дестинација; Ова не е се што планираме да направиме во нашиот четиригодишен мандат за кој сум повеќе од убеден дека ќе ни го доверите. Буквално, во нашата Изборна програма нема ниту една месна или урбана заедница за која не сме предвиделе реализација барем на неколку проекти за подобрување на елементарните услови за живеење. Охрид е сличен на икона. Боите на неговата божествена убавина сугерираат слика на икона прекриена со патина;Охрид е како стара и скапоцена книга, како оние од свети Климента и свети Наума, а, едновремено, и како бескраен бисерен гердан во кој секое од изминатите времиња оставило скапоцен камен;Охрид е културната историја на Република Македонија.Затоа, Охрид треба да го водат луѓе кои посветено, одговорно и домаќински ќе работат за да се подобрат условите за живот на сите негови граѓани, да се зголемат можностите за социјален и економски развој и да се зачуваат неговите природни, културни и духовни вредности и обележја.Охрид треба да го водат луѓе кои знаат дека животот ни го враќа само она што ние им го даваме на другите.Затоа, на петнаесетти октомври заокружете го бројот 19! Гласајте за коалицијата „Живот во Македонија“, предводена од Социјалдемократскиот сојуз!“– истакна во своето обраќање кандидатот за градоначалник за Охрид, од СДСМ и Коалицијата, Јован Стојаноски.
Повикувам ајде заедно да испишеме историја во древниот Охрид. Да го сочуваме градот и да им обезбедиме работни места на младите и живот покрај своите најблиски. Ве повикувам, во недела, масовно да излеземе и да си го сочуваме Охрид, градот повторно да биде бисер на Балканот. На 15 октомври да ги заокружиме промените овде во Охрид и во цела Македонија, порача претседателот Зоран Заев на завршниот митинг во Охрид.
„Најдоброто доаѓа, имаме визија, имаме тим, со чесни политичари на централно и на локално ниво, ќе има живот и во Охрид и во цела Македонија“, рече претседателот Заев.
Тој додаде дека “Охрид не е обичен град, Охрид е наше и светско културно богатство и наша обврска е градот и Охридското езеро да ги сочуваме за следните генерации”.
„Охрид нема да биде повеќе евтина туристичка дестинација туку ќе има автентичен, уникатен и достоинствен туризам. Ќе имаат и бенефит приватните бизниси и ќе има нови работни места и поголеми плати“, додаде претседателот Заев.
Тој најави дека “државата ќе ја преземе обврската со колекторскиот систем и државата ќе се грижи за Охридското езеро”.
„Ви се обраќам на сите, насекаде низ Македонија, пред гласањето во недела, да размислите добро за кого и за што го давате гласот. Мора да продолжи примената, да биде целосна и да бидат целосни слободата, правдата, животот во секоја општина во Македонија.
На 15 октомври да заокружиме 19 за живот во Охрид и живот во Република Македонија,“ повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на завршниот митинг на СДСМ и коалицијата во Охрид.