Утрово во 03:10 часот во Охрид во дворното место на куќата на полициски службеник од Полициска станица Охрид, засега непознат/и сторител/и фрлил/е две запалени шишиња со непозната течност, со што е причинета незначителна материјална штета.
Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за расчистување на случајот.