Денеска во Скопје, во рамките на Самитот 100 се одража презентација на електрични возила и полначи како и промоција на „ЕДИСОН еСкопје“ проектот.Како дел од овој проект Македонија и градот Скопје ги отвараат вратите за продор на глобални револуционерни иновации во областа на тарнспортот. Со тоа се очекува да се постигнат глобалните цели за намалување на климатските промени, но и да се обезбедат услови за намалување на загадувањето на воздухот.
„Користење на електричните возила претставува ефективно решение и начин на кој секој од нас ќе помогне во заштитата на животната средина и притоа ќе придонесе кон постигнување на стандардите од Парискиот договор за намалување на глобалното затоплување“ – со ваков став излезе заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во воведното излагање на настанот.
4 (1)При тоа Макрадули потенцираше дека Македонија има потенцијал за вклучување во овој „европски зелен коридор“ и дека за тоа е неопходна масовна интегрирана сеопфатна акција од сите чинители реализирана преку партнерство помеѓу владата, здруженијата на граѓани, бизнис секторот, но и секој поединец во државата.
Проектот ЕДИСОН (Еколошко возење иновативни решенија и вмрежување) е регионален проект за електрификација на автопатиштата во регионот и има за цел да обезбеди масовно прифатлива електрична мобилност во регионот со регионално развиени решенија за тоа.
Настанот е во органиција на Сојузот на Ротари Клубовите од Македонија.