Експертска делегација од Министерството за одбрана денеска беше домаќин на делегација од генералната Дирекција за меѓународна соработка и стратегија при Министерството за одбрана на Република Франција, предводена од Оливие Ланду, директор за Европа, Северна Америка и мултилатерална соработка.
На почетокот на средбата, Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ги поздрави претставниците на експертската делегација од Франција, заблагодарувајки се за контуинуиранта поддршка која Република Франција и ја дава на Република Македонија во полето на одбраната.
Таа рече дека унапредувањето на соработката е од исклучително значење за Република Македонија на патот кон НАТО, особено поради улогата и значењето на Франција во НАТО, ЕУ, ООН како и во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика. Шекеринска ги запозна експертите од Франција со актуелните активности на Владата како и Министерството за одбрана за реиницирањето на реформскиот процес во насока на постигнување на стратегиската цел на Република Македонија – членството во НАТО.
Средбата на која присуствуваше и Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние, произлегува од планот за билатерална соработка со Република Франција и беше со цел одбранбените експерти од Македонија и од Франција да разменат мислења за повеќе стратегиски прашања, како и да се отворат можности за продлабочување на соработката.