Вчера во 14:30 часот во с.Мешеишта-Охрид, на локалниот пат во центарот на селото, возило „Лада 110“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.К.(53) од с.Мешеишта, удрило во ограда од објектот на селското бифе.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо од каде е препратен во Клинички центар Скопје на клиниката за Трауматологија. Увид извршила екипа од Полициска станица -Охрид.