Под мотото „ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта (16-22 октомври).
Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности прибраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена. Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст каде понатака би ги спакувале во соодветни картонски кутии кои ќе им бидат поделени на децата од социјално најзагрозените семејства.
Ваквите акции го подигнуваат нивото на свест кај учениците, учениците се образуваат да бидат хумани и несебични.