Фени Индустри поуспешен од АВ Охрид

Во рамките од третото коло од Првата Македонска кошаркарска лига, тимот на Фени Индустри беше поуспешен од АВ Охрид.

На трикратниот шампион во домашното првенство му беа потребни пет дополнителни минути игра за да го совлада противникот во третиот натпревар за оваа сезона. „Галебите“ речиси ја имаа победата в рака, но во финишот останаа без концентрација, домаќинот тоа знаеше како да го искористи за да се избори за продолжение во кое за пет минути постигна двојно повеќе поени од гостинскиот состав.

Фени Индустри – АВ Охрид 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23, 18-8)

WebOhrid