Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н. (40) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
На 10.10.2017 година на ул. ,,15-Корпус“ во Струга, полициски службеник го предупредил М.Н. да го тргне погрешно паркираното возило, по што тој му упатил навреди и сериозни закани по животот. После тоа влегол во возилото и се одалечил од местото на настанот.