Работна посета на претседателот Иванов во Брисел

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од утре, 25 октомври, ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија.

Утре претседателот Иванов ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Во четврток, 26 октомври, претседателот Иванов ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот Кран Монтана. Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската унија, со посебен фокус на „Иницијативата три мориња”.

За време на работната посета на Брисел, претседателот Иванов ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.