Суво и значително потопло време преку денот, најавува за утре и за петок Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има во сабота.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег.
Максималната температура во петок ќе достигне 24 степени, а во вторник минималната температура ќе се спушти до -4 степени.
Извор: НетПрес