Закани за охриѓанец и неговото семејство поради наводен долг од 30.000 евра

НК КР Дебар поднесе кривична пријава против А.Б.(38) од Струга, З.Ф. (47) од с.Коњари-дебарско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “изнуда“.

Пријавените на 15.06.2017 година во Дебар, со упатување сериозни закана по животот кон М.Т. од Охрид и неговото семејство, го присилувале да им исплати 30.000 евра, што наводно М.Т. му ги должел на првопријавениот, но откако неуспеале да ги земаат бараните пари, го присилиле да потпише три договори за заем на пари, според коишто М.Т. им зел на заем 29.750 евра, а требало да им ги врати најдоцна до 01.08.2017 година.