Следната недела започнува зимското сметање на времето

Во недела, 25-ти октомври завршува летното и почнува зимското сметање на времето. Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското мерење на времето.

За спанковците тоа е добра вест, бидејќи ќе има еден час повеќе за спиење.

За оние кои сакаат активен живот, тоа баш и не е добра вест, бидејќи ќе почне да се стемнува во 16:30, а денот ќе има еден час помалку.