Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. За влез во полуфиналето на Купот на Македонија ќе играат:
Пелистер – Победа
Ренова – Скопје
Тетекс – Академија Пандев
Шкупи/Вардар – Шкендија
Натпреварите ќе се играат на 8 и 29 ноември кога ќе се одигра и заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар. Победникот од тој натпревар ќе се соочи со Шкендија на 17 декември 2017 и 21 февруари 2018 година.
WebOhrid