Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска ја закажа првата конститутивна седница на новиот Совет на општина Охрид. На дневниот ред се две точки и тоа:
1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања.
2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.
Седницата ќе се одржи во среда (01.11.2017) со почеток во 11:00 часот.
WebOhrid