Нов културен бран: Поп ап АКТО акција денес и утре во Скопје

Фестивалот за современи уметности „Поп ап АКТО акција“, како дел од Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, ќе се одржи денес и утре (27 и 28 октомври) во Скопје, во Кино Култура и во Железничка зграда. Во Кино Култура од 20 часот до полноќ ќе се одржи АКТО музички саем. Идејата е, како што велат организаторите од Факултетот за работи што не се учат и од Локомотива, да се продолжи концептот на промоција на нова македонска музика, со посебен акцент на трендот на издавање на македонска музика на…

повеќе...

И во 2018 година поддршка од ЕУ за справување со болеста јазлеста кожа

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби потврда дека и во 2018 година, Европската унија, парично или со вакцини, ќе ја поддржи Република Македонија во преземање на активностите за справување со болеста Јазлеста кожа. Потврдата за поддршка од Унијата, АХВ ја доби на петтиот работен состанок на Постојаната експертска група за Јазлеста кожа за Југоисточна Европа, кој минатата недела се одржа во Будва, Република Црна Гора на кој присуствуваа експерти од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, oрганизацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации – ФАО,…

повеќе...

Средба на министерката Царовска со германскиот амбасадор

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одржа средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. Томас Герберих. Амбасадорот беше запознаен со реформите во надлежност на министерството, пред се’ во делот на социјалната заштита и мерките за зголемување на вработливоста на младите лица. Царовска се заблагодари за континуираната поддршка од страна на германската влада и доби уверување дека тој процес ќе продолжи и во иднина.

повеќе...

Владата денеска ќе ја одржи својата 33-та редовна седница

На седницата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, министрите ќа ја разгледаат информацијата за покренување на иницијатива за задолжување за проектот „Пречистителна станица за отпадни води Скопје”. Како втора точка на денешениот дневен ред на седницата на владата е и информацијата за склучување на билатерален договор за ко-финансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.

повеќе...

Бугарски државјанин неовластено навлегол во компјутерски систем

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.А. (46) од Сливо Поле, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 став 2 и 4, а во врска со став 8 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Пријавениот неовластено навлегувал во е-маил комуникација помеѓу фирма од Република Македонија и фирма од Србија и својата приватна жиросметка ја прикажал како сметка на фирмата од Македонија.

повеќе...

Двајца охриѓани повредени на патот Рача-Охрид откако се превртела машина за сечење на дрва

Вчера во 13:45 часот на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот Р.Р. (49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

повеќе...

18 годишно момче од Косел заработи кривична пријава поради предизвикување општа опасност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од с.Косел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.10.2017 година во 01:00 и во 02:40 часот на улица ,,Ванчо Николески“, Х.Б. со камења ги скршил прозорците од дневната соба во станот на В.Г. (61). Потоа, додека полициски службеници од СВР Охрид вршеле увид во станот, фрлил запалива материја на влезната врата од станот од која се запалил дел од вратата.

повеќе...

Министерот Спасовски на Министерски форум на ЕУ и Западен Балкан во Софија

За нашите служби да можат да бидат ефикасни во откривањето на организираните криминални групи на криумчарење мигранти најважна е брзата и непречена размена на информации, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Министерскиот форум на ЕУ и Западен Балкан за правда и внатрешни работи што се одржува во Софија. „Дозволете да забележам дека постојат голем број билатерални и меѓународни правни инструменти со кои нашите држави се обврзуваат на соработка, учество во заеднички истражни тимови, заеднички мешани патроли, размена на информации. Или со други зборови, правно е регулирана нашата соработка.…

повеќе...

Ликовна работилница „Цвеќе на мирот“ за истакнат просветен работник на годината – 2017

Денес во ООУ „Братство единство”, Охрид се одржа Ликовна работилница „Цвеќе на мирот“. Настанот беше посветен за добитникот Истакнат просветен работник на годината – 2017, Проф. Муамер Доко, кој е воедно и директор на училиштето. „Благодарност до моите учители и моите родители што денес јас сум Учителот! Од Сојузот на Просветните работници на Република Македонија по повод на 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, после еден период од 34 години од дадениот придонес во просветата како учител и како лидер на едно модел училиште односно мултиетничко школо и во…

повеќе...

Преподобна Параскева – Петковден

Денес се слави празникот посветен на Преподобна Параскева- Петковден. Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања…

повеќе...