Владата на Република Македонија ќе ја одржи својата редовна 32 седница

Владата на Република Македонија на 19 октомври (четврток), ќе ја одржи својата редовна 32 седница, со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните. На оваа седница владата ќе ја разгледа информацијата за постапување по предмети за настанатите штети на движен и недвижен имот на подрачја на Скопскиот и Тетовскиот регион заради зголемен обем на врнежи и поплави. Пред министерите во Владата на РМ, на седницата ќе се најде и информацијата за склучен Протокол помеѓу Царинската управа на Република Македонија и Федералната царинска служба на Руската федерација за размена…

повеќе...

Социјална заштита за децата: Вложување во ефикасен систем на социјална заштита за сите сиромашни деца

На конференцијата „Социјална заштита на децата – размена на добри практики“ која завршува денес во Сарајево, донесувачите на одлуки и стручњаците што работат во областа на социјалната заштита од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора, поранешната Југословенска Република Македонија, Словенија, Грузија и Молдавија ги повикаа владите од регионот да продолжат со натамошни инвестиции и посоодветен систем на социјална заштита на децата. Тридневната конференција ја организира УНИЦЕФ Босна и Херцеговина со поддршка од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија и канцелариите на терен на УНИЦЕФ од земјите…

повеќе...

Средба на вицепремиерот Анѓушев со шпанскиот амбасадор Сера

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со новиот амбасадор на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера. Вицепремиерот Анѓушев му го честиташе назначувањето на новиот шпански амбасадор и изрази очекување дека соработката помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива во позитивна насока. „Владата на Република Македонија креира политички и економски амбиент со кој Македонија ќе биде добар пријател и партнер на сите земји, а поддршката од Шпанија, како членка на Европската Унија е особено важна. Странските инвеститори, вклучително и оние од…

повеќе...

Унапредување на економска соработка помеѓу Македонија и Шпанија

Денес, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании, Зоран Шапуриќ, оствари работна средба со амбасадорот на кралството Шпанија, Емилио Лорензо Серра, и директорката на регионалната канцеларија за економски прашања на Шпанија, Ева Поведано Морено. На средбата се зборуваше за унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Шпанија. Од страна на амбасадорот Лорензо и директорката Морено беше искажан интерес за испитување на можностите за поголемо поврзување на македонските и шпанските компании во областа на производство на земјоделски производи и прехрамбена индустрија, градежништво, туризам и хотелиерство, и менаџирање…

повеќе...

Средба на премиерот Заев со претставничката на УНФПА за Македониja

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик министрите за труд и социјална политика, Елми Азири и за здравство, Гоце Чакароски, денеска се сретна со Доина Болога, претставничката на УНФПА за Република Македониja, Фондот за население на Обединетите нации, придружувана од претставници на Канцеларијата во Скопје. „Позитивните промени во Македонија се чувствуваат и во Република Македонија и во регионот и светот. Македонија повторно е фактор на стабилност во регионот. Поради тоа веќе ги има првите најави за враќање надворешни донатори коишто сакаат да ја помогнат работата на…

повеќе...

Расчистен настанот пред штабот на „ГРОМ“, доказниот материјал предаден во Обвинителството

Во врска со настанот што се случи во неделата (15.10.) на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред штабот на политичката партија “ГРОМ“ каде имаше пријава за нарушен јавен ред и мир, како што МВР претходно ја информираше јавноста, во Полициската станица Карпош беа повикани лицата С.Р (51) и Е.Ш (36) од Скопје, со кои што беше извршен разговор. По ова, настанот беше целосно расчистен и документиран и севкупниот доказен материјал со писмено известување е испратен до Основното јавно обвинителство Скопје, кое што согласно ЗКП треба да даде насоки за натамошно…

повеќе...

Проштална средба на претседателот Иванов со амбасадорот на Словачка, Мартин Безак

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Словачката Република, Н.Е. д-р Мартин Безак. Претседателот Иванов изрази благодарност за личниот ангажман и посветеноста на амбасадорот Безак во унапредување на севкупните билатерални односи на Словачката Република со Република Македонија. и изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог меѓу двете земји и проширување на соработката во сите сфери од заемен интерес. Македонскиот претседател изрази благодарност за целокупната помош и поддршка која Република Македонија ја доби од Словачката Република во справувањето со мигрантската и бегалската криза,…

повеќе...

Министерот Спасовски на средба со претставници на Здружението на пензионирани работници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со претставници на Здружението на пензионирани работници од органите за внатрешни работи на Република Македонија-Скопје. Министерот Спасовски и претставниците на Здружението на средбата разговараа за поднесената иницијатива од страна на Здружението за дополнување на законот за внатрешни работи. Се разменија идеи и размислувања за остварувања на правата од работните односи на членовите на здружението.

повеќе...

Кривична пријава за две лица кои изготвиле лажни испратници за дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измамување на купувачи”, продолжено казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од струшкото село Велешта како и против С.П. (53) од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правениот субјект „Лира 2016“ ДООЕЛ Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот С.П. вработен референт…

повеќе...

Истекоа роковите за поднесување приговори до ДИК

Ноќеска во 2 часот истече рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври. До синоќа во 19 часот беа поднесени 25 приговори, две од ТМРО, една Алијансата на Албанците и 22 ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. До ДИК се поднесени и 59 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право. Приговорите за постапката за гласање можеа да се поднесуваат најдоцна до синоќа во 19 часот. ДИК е должна…

повеќе...