Апел на „Форца Египќани“, ОПЕМ и Светла Иднина 2009 Охрид

Претседателот на Форца Египќани, г-дин Петрит Хусеин, како потенцијален носител на Независна листа на грагани, Демир Далип и Атеме Арслан, како невладина коалиција, која за приротет им се заштита на основните човекови права и слободи на Египќаните, со оглед на новонастанатите состојби, кои се отсликуваат со невиден притисок врз Египќаните, со посебен акцент во град Охрид, каде неофицијално Египќаните се втори по бројност, од одредени криминогени групи како и силен психолошки притисок од одредени Јавни Претпријатија, каде се вработени голем број Египќани, а истите, мимо нивниот волјев акт, се носат…

повеќе...

Водици на охридски начин

 Помалку од 24 часови до фрлањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро, подготовките течат во најдобар ред, организаторот на манифестацијата која требаше да прерасне во централен настан во целокупниот православен свет и оваа година најавува фасцинантен спектакл, во присуство на највисокиот политички и преостанат естаблишмент, присуство на голем број на домашни и странски посетители, желни за продолжување на вековната традиција и обичаи, за осветување и крштевање на сите води, за здравје, радост, среќа и бериќет.  Јас пак поучен од сите претходни збиднувања на оваа манифестација во нашиот град,…

повеќе...

Автохтони Роми во Охрид нема

Дегутантно е, со политичката филозофија на „теоријата на сила“ да фаворизираш нешто, што објективно не постои, ниту ретроактивно векови наназад, а камоли како последица на претходната дискрепанса да иницираш нешто необјективно, а се со една единствена цел, да играш улога на влијателен политички фактор. Немам, дефинитивно ништо против Ромите во Македонија, но да се потенцира и со една за мене провоцирачка формација, во Македонскиот Ерусалим, да се прославува Светскиот ден на Ромите 8, дефинитивно е, политичко деградирање на тој ден, многу битен за Ромите, низ целиот свет. Едноставно, Роми автохтони,…

повеќе...

Крик со реверб ефект

      Овој период како да е популарен зборот неутрален, ама во негативна конотација. Ако не си со нас, си со нив, за нив… Не сакам да ми лепат етикети! Јас сакам да бидам неутрален и трезвено, свесно да ја согледам ситуацијата и да критикувам ако сметам дека е тоа неопходно. Може ли во кавга само еден да биде виновен?! И зошто морам да заземам страна. Па нели сме општество во кое владее демократија и секој има право да има свое мислење и став. Тука спаѓа и она кога…

повеќе...

Приказна за чевлите

Не дека немам чевли, ама секогаш кога треба да излезам во чаршија си велам: „Ех, немам што да обујам!“ Чевлите се туркаат  по полиците, ама на сите им наоѓам мана. Те едни се лепени стопати, други не се актуелни, штиклите не ми одговараат на облеката… Најверојатно тоа доаѓа од човечката потреба да се биде убаво облечен, да се следат трендовите, па ако сакате и да се чувствувате  подобро. Сепак, ги обувам моите најнови чевли (па имаат едно три години) и храбро излегувам надвор. Не сакајќи, погледот ми се насочува кон…

повеќе...

Време е за интеграција на Египќаните

Египќаните се лојални граѓани на Република Македонија, и во согласност со Уставот треба да бидат и рамноправни. Спаѓаат во категоријата ранливи етнички заедници, на кои катадневно им се заканува процесот на асимилација. Според принципите на парламентарната демократија, државата, која има намера да влезе во семејството на европските народи, треба да донесе позитивни прописи за да ги заштити. Египќаните не се правилно и соодветно интегрирани во институциите на системот и не се спомнати во преамбулата на Уставот, што од своја страна дефинитивно носи тешки последици за припадниците на оваа етничка заедница.…

повеќе...

Новогодишна телевизиска шема

 Неколку часа пред Нова година. Трпезата подготвена, храна и пијалоци, фино си седнал во фотелјата и чекаш новогодишна програма. Пушташ еден канал, турска серија, пушташ друг канал, индиска серија! Зарем и во новогодишната ноќ ќе гледам „Бурни времиња“!? Пиеш пијачка, мезиш со најблиските и вртиш по каналите. Сè едно те исто!! На сите ТВ канали истите пејачи, истите бајати шеги, истата концепција. Разликата е само во нивните тоалети кои се менуваат во зависност од каналот. Барем да се со вкус и префинетост облечени и нашминкани. Женските пејачки се или во ултра…

повеќе...

Аудио перцепција

Денешнава прошетка по Охридската чаршија  ја започнав инспириран од преубавото сончево и релативно топло време, сакајќи да го намирисам нејзиниот здив во овие преостанати часови на истекот на старата и дочекот на Новата  2013 год. Уште од плоштадот кај чинарот ме обзеде новогодишната атмосфера, надополнета со сите оние тезги со новогодишни реквизити, на кои најповеќе им се радуваат се разбира најмладите, сакајќи да добијат уште балони, честитки и сите преостанати работи кои ги привлекуваат нивните љубопитни очиња. Продолжувам надолу по чаршијата, а во неа врвулица од луѓе, секој некаде со…

повеќе...

Нова година, некогаш и денес

Нова година!? Во мое време, тоа беше голем ден што се чекаше со душа и срце, исто како некој голем верски празник. Кога ќе се речеше дека дојде декември, во нашето село веќе се правеа планови за Нова година. Тој месец, со душа го чекавме поштарот да дојде, да свирне со својата труба и да донесе честитки. А тој, пеш, од Пештани, па кај нас Велестово ќе дојдеше. Ние, сите собрани околу него, чекаме да ги прочита честитките од полната торба. И така, од ден на ден, во декември ја…

повеќе...

Пишуваме ли честитки?

Во овие последни декемвриски часови од старата година, со нетрпение ја очекуваме Новата година, со надеж за подобри, поуспешни и посреќни денови. Исполнети сме со мисла дека убавите работи од старата година ќе траат, а лошите нешта нема да се повторат. Желбите се од срце, за здравје, љубов, мир, благосостојба. Си посакуваме себе си, но и на нашите роднини, пријатели, познаници, блиски и далечни. Си честитаме лично, но и по писмен пат. И сега, тука е причината за овој текст. Се наметнува прашањето: Пишуваме ли честитки? Малку истражував по ова…

повеќе...