Виц

Влегува некоја баба во секс-шоп и прашува: – Ддаааллии иимаатте вииббраатоор оод ммааркааттаа S&S? – Имаме! – и одговорил продавачот. – Ккаажии ккааккоо сее гаассиии?

повеќе...

Виц

Излегле Трпе и Трпана малку да прошетаат низ град. – Трпе, дај ако сакаш малку поноси ми ја ташнава, многу ми тежи! – Леле, Трпано! Што имаш во ташнава? – Ништо Трпе, само пегла! – Кажи ми ти Трпано, што ќе ти е пеглава? – Морам да ја носам, како инаку ќе знам дали сум ја исклучила или не!!!

повеќе...

Виц

Се собрале сите животни од шумата и направиле јавно WC. Следниот ден бил скршен прозорецот од WC-то. Повторно се собрале животните да видат кој го направил тоа. Зајко се јавил: – Мечката какаше, си го избриша задникот со мене и ме фрли низ прозорец, и така го скрши! Следниот ден вратата била скршена. Повторно се собрале сите, се јавила лисицата: – Мечката се избриша и со мене и ме фрли низ врата, па така ја скрши вратата!  Третиот ден го гледаат искршено целото WC. Се собрале животните и прашуваат кој го…

повеќе...

Виц

Влегува девојка во автобус и му се обраќа на едeн господин: – Ќе ве замолам, дали ќе може да ми го отстапите местото? Трудна сум! – Хмм… Трудна?! Па, воопшто не се приметува, а колку време сте трудна? – Па, помалку од еден саат, ама нозеве уште ме болат!!!

повеќе...

Виц

Две прасиња си гледале на кафе. Едното му вели на другото: – Гледам топла кочина, убава храна, добар стопан, е сега… гледам некои непријатности, и тоа баш за Божик!

повеќе...

Виц

Некој човек си дошол да одмори малку во викендицата, кога гледа, што ќе види, пет девојки се капат голи во базенот. Девојките го виделе и влегле сите во водата во базенот и почнале да викаат: – Бегај перверзњаку! Нема да излеземе додека си ти тука! А тој итро им рекол: – Па, јас не дојдов да ве гледам! Дојдов само да ги нахранам крокодилите!

повеќе...

Виц

Две бебиња лежат во своите креветчиња и едното го прашува другото: – Сто плавис, спиес? – Не спијам, јадам цоколатце! – Па дај ми и мене малку цоколатце! – Спијам, спијам…

повеќе...

Виц

На смртната постела, бабата го викнала внукот, за да му каже нешто важно: – Сакам да ти ја оставам фармата, со голема вила на неа, три трактори, 10 коњи и другата останата стока, како и 3 милиони долари. – Леле бабо, па не сум знаел дека имаш толкава фарма, а каде се наоѓа? – воодушевен прашал внукот. – На Facebook!

повеќе...

Виц

Учителката ги прашала децата што работат нивните родители, прв го прашала малиот Перо: – Перо, кажи ми ти мене, што работи твојот татко? – Па, учителке, мојот татко е стриптизер, игра по ноќни клубови, добро го плаќаат, зависи понекогаш игра пред жени, а понекогаш и пред мажи! Учителката го викнала надвор, за да не слушаат другите деца. – Кажи ми ти Перо, дали е тоа вистина? – Не учителке! Мојот татко игра за кошаркарска репрезентација на Македонија, ама ми беше срам тоа да го кажам пред другите деца!

повеќе...