Исчистени плажите во Лагадин, Пештани и Трпејца

ЈП „Охридски Комуналец“ минатата седмица ги реализира акциите за темелно расчистување на плажите кои не се дадени под концесија на охридското крајбрежје во населба Лагадин, с.Пештани и с.Трпејца. „Во туристичката населба Лагадин на потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец беа подигнати 10 м3 трска и 20 вреќи отпад. Во с.Пештани беа подигнати 7 м3 трска и 10 вреќи отпад, додека во с.Трпејца 3 м3 трска и 5 вреќи отпад. Но секогаш останува горливиот проблем за тековно одржување на плажите и подигнување на еко-свеста кај граѓаните, со цел да не…

повеќе...

Исчистен крајбрежниот појас кај Лагадин

ЈП „Охридски Комуналец“ денес реализира акција за расчистување на крајбрежниот појас на Охридско Езеро во туристичката населба Лагадин. Се расчистуваше потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец. „На плажата, изминатиот период езерските води имаа наталожено големи количини сува трска и најразновидна амбалажа од широко употреба. Ангажирани се 8 комунални работници и подигнати се 10 м3 трска и околу 20 вреќи отпад.“ – велат од претпријатието. Утре петок, 17-ти април ќе се реализира акција за чистење на крајбрежниот појас во с.Пештани, а во сабота на 18-ти април во селото Трпејца.

повеќе...

Лагадин ќе добие медитеранска плажа

Министерството за транспорт кон средината на идниот месец ќе почне да ја уредува плажата во Лагадин. Прокетот чини 75 милиони денари, а плажата ќе биде готова во август летово, дознава економски.мк. Плажата Лагадин се протега почнувајќи од хотелот „Два бисери” кон југ во должина од 500 метри, зафаќајќи го просторот помеѓу патот (Охрид – Св.Стефан – Пештани – Св.Наум) и водената површина од езерото. На потегот од петстотини метри предвидени се повеќе содржини: почнувајќи од сервисниот пункт, два шанка, два објекта со тоалети, тушеви и гардероби, објекти за сместување на…

повеќе...