Потпишана Спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот

Во Будва денеска беше потпишана Спогодбата за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи, склучена помеѓу министерствата надлежни за работите од областа на електронските комуникации на Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Во име на Република Македонија таа беше потпишана од страна на заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска. Нејзината реализација ќе ја координира тело основано од претставници на регулаторите на државите потписнички. Спогодбата е отворена, што значи дека во иднина, секоја заинтересирана земја, која не е опфатена со…

повеќе...

Нови цени на нафтените деривати

Од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулторната комисија за енергетика. Според најновата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денари по литар и од полноќ, овие бензини на пумпите ширум Македонија ќе се точат за 78,5 односно 80 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) поевтинува за половина денар и еден литар ќе се точи за 67,5 денари. Половина денар ќе биде поевтина и нафтата за домаќинство чија цена од полноќ…

повеќе...

Намалени цените на буковото огревно дрво, за социјалните случаи и до 15 отсто

ЈП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 отсто за корисниците на социјална помош. Ваквата одлука  важи од вчера до 30 септември годинава, а е донесена, како што соопшти претпријатието, за да им се излезе во пресрет на граѓаните, особено на ранливите категории. Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 отсто е 2133,60 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 отсто попуст е 2015,03 денари. Овие цени важат за…

повеќе...