Утре акција за зелен отпад УЗ 3 „Кошишта“ и УЗ 4 „Воска“

ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  во У.З.3 „Кошишта“ и У.З.4 „Воска“  (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан“).

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.