Македонски стрип автори учествуваа на 19та Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац

Во текот на минатиот викенд од 30.06-02.07 во Лесковац, Р. Србија, се одржа деветнаесеттата по ред „Балканска смотра на млади стрип автори“. Овој настан е еден од најмасовните и најпосетуваните настани во рамките на стрип уметноста во југозападна Европа. Оваа „смотра“ успеа да постави нов рекорд со учество од 2760 стрип автори од вкупно 54 земји од сите континенти. Како претставници на нашата земја беа присутни стрип авторите Дарко Богданов, Јордан Коцевски, Никола Темков, Игор Јовчески, Јован Секуловски и Златко Крстески. Манифестацијата беше отворена со трибината за состојбата на македонската…

повеќе...