Македонското друштво „Илинден“ – Тирана бара интернационалните изводи да бидат и на македонски

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побара од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. „До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационалните изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа служба, да бидат на македонски јазик. Тие сега се издаваат освен на албански и на грчки, италијански, англиски, германски.“ – изјави за Македонскиот весник „Илинден“, претседателот на друштвото,…

повеќе...

Играта „Македонија“

Доколку играте некоја игра согласно правилата, а вашиот противник мами, вие сте тие што ќе изгубите. Доколку судијата е наклонет кон вашиот противник, иако тој мами, ќе доживеете пораз. Дали тоа значи дека ве поттикнувам и вие да мамите за да му парирате на противникот? НЕ. Едноставно, откажете се од играта. За жал, „играта“ во овој случај е Македонија, а се работи за нејзино опстојување како независна држава. Па и Западот си ги менува правилата како што минува времето. Клучот сепак е во посед на Македонија и таа може во…

повеќе...

Мехмети: Време е за Албанец претседател на Собранието

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, денеска изјави дека е дојдено време барем претседателот на Собранието да биде Албанец. Таа на конференцијата „Промената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) рече дека на тој начин ќе се докаже дека Албанците се лојални на државните институции. „Ако имаме функции резервирани само за мнозинството, не сме постигнеле ништо од Рамковниот договор. Мојата теза е дека доминантната заедница треба да биде гарант за правична застапеност на малцинствата во институциите, а не пречка за…

повеќе...