Трета медиумска лабораторија во Охрид

Четириесетина ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“. Овие еднодневни работилници се организираат за да им се доближат на младите професионалните новинарски стандарди и процесот на креирање вести. Организатори се „Нова Македонија“ и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.

повеќе...