Владата прогласи Ден на жалост и кризна состојба во Скопско и Тетовско

На денешната вонредна седница на Владата на Република Македонија, Владата донесе одлука за определување на 8 август 2016 година (понеделник) за Ден на жалост на Република Македонија. Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена како и одлука за доделување на еднократен паричен надомест во висина од 300. 000 денари за семејствата на загинатите граѓани. Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување целокупната опрема на Дирекцијата од сите региони во државата да ја стави на располагање во кризните региони,…

повеќе...