Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија хит низ целиот свет!

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје. Исто така, поради успешната кампања, видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“ во кои освен исклучувањето наосветлувањето Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британскаградинка во Македонија, дури пет пати! Во сите видеа, Македонија се појавува под своето уставно име, Република Македонија. „Ова е само доказ дека Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена! Во нашиот…

повеќе...

Втора година по ред Охрид дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

Општина Охрид, и оваа година во соработка со ОО на Црвен Крст, ќе се вклучи во акцијата Часот на планетата Земја. На 28.03.2015 година, во период од 20:30 – 21:30 часот ќе се исклучат светлата на следните локации: „Самоилова тврдина“; црква „Св. Јован Канео“; споменик „Св. Кирил и Методиј“. Фотографиите од случувањето во Охрид ќе бидат испратени до WWF (World Wildlife Fund), организацијата со што градот Охрид ќе се вклучи во мрежата на светските градови кои ја поддржуваат оваа манифестација како Париз, Лондон, Виена, Сиднеј и многу други кои во…

повеќе...

Шеста година по ред Македонија ќе ги исклучи светилките за часот на Планетата Земја

Шеста година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, во која учество ќе земат над 162 земји ширум светот. Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата. Оваа година, акцијата се одржува на 28-ми март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време, во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 162 држави ширум светот,…

повеќе...

Објавен повик за продажба на државно земјиште за изградба на Филмски град

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на Филмски град во опптина Зелениково. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план вон населено место за изградба на градби со намена В3 за филмсо производство „Филмски град“, со компатибилни класи на намена. Станува збор за една градежна парцела која е предмет на јавно наддавање и е со површина од 157.276 метри квадратни.…

повеќе...

Македонија промовирана на официјалната фејсбук страница на часот на планетата земја

Денеска на официјалната фејсбук страница на светската волонтерска акција Earth Hour (Часот на планетата Земја) беа објавени фотографии и текст со кои се промовираше учеството на нашата земја во ова светско случување. Во текстот се вели дека желбата на Македонија за да се направи промена на нашата планета е голема, а во продолжение е напишано дека голем број познати личности од Македонија и регионот се вклучија во акцијата и ги исклучија своите светилки, што придонесе градот Скопје да ја награди со титулата „Најдобра еколошка акција за 2014 година“. Освен текстот,…

повеќе...