Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денеска оствари работна средба со Стојан Лекоски организатор на културната манифестација „Денови на св. Кирил и св. Методиј” што по традиција се одржува во Терхова ,Република Словачка. Словачкиот гостин изрази огромна благодарност до општина Охрид, за вредните подароци, икони од Св. Климент и Св. Наум што таа ги подари на Терхова по повод „Деновите на св. Кирил и св. Методиј “. Охридските икони на настанот беа поставени пред олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј. Пријателските односи и…
повеќе...