Канцеларија на Здружението за македонско – бугарско пријателство во Охрид

Заменик градоначалникот, Анѓел Јанев и претставници од Советот на град Охрид присуствуваа на свеченоста што по повод отворањето на канцеларијата на Здружението за Македонско – Бугарско пријателство викендов се одржа во Охрид. Отворањето на канцеларијата ќе придонесе во подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји, Македонија и Бугарија, а ќе ги подобри и меѓусебните комуникации. Канцеларијата на здружението за Македонско – Бугарско пријателство се наоѓа на улица „Партизанска“, ламела Б, во центарот на Охрид.

повеќе...