Утре ќе се осветуваат ново изградените конаци во манастирот Св.Стефан

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (недела), во црквата „Свети вмч. Ѓеоргиј“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.мч-ци Агатоник, Зотик, Зинон и др. Св.мч-чка Антуса“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Исто така утре во 12.00 часот, во манастирот Св.Стефан – Охрид, ќе се осветат новоизградените манастирски конаци. По тој повод Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Осветени конаците на црквата Света Богородица во Заум

На верската церемонија и богослужба со која чиночалствуваше митрополитот Охридски и Македонски и поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Г.Г. Стефан, во сослужение со митрополитот Дебарксо – кичевски Тимотеј и митрополитот Повардарски Агатангел, вчера беа осветени новите конаци кај црквата Света Бородица Заумска во Заум. На осветувањето на возобновените конаци на црквата „Св. Богородица Захумска“ присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески. Со возобновување на конаците во Заум, како што беше речено, ќе се возобнови црковниот живот во ова светилиште каде во минатото имало активен монашки живот, Православниот храм во…

повеќе...