Со добивањето на сертификатот за акредитација се потврдува компетентноста на експертите и стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал. Воедно се зголемува и довербата во лабораториските резултати кои стануваат меѓународно признаени, истакна министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков на церемониијата на доделување сертификат за акредитација на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи. Според министерот Чавков акредитацијата ќе овозможи континуитет во членството на Форензичките лаборатории во најреномираната европска…
повеќе...