Филмскиот хит „Тука и Таму“ вторник и четврток во Центарот за култура

На кино репертоарот во Центарот за култура ќе продолжи да се прикажува 85 минутната комедија, драма, филмскиот хит “HERE AND THERE” – „Тука и Таму“. Кино проекции на филмот ќе има во вторник 30-ти април и четврток 2-ри мај со почеток од 20:00 часот.

„Тука и Таму“ е филм на Дарко Лунгулов; Директор на фотографија: Матијас Шонинг; Монтажа: Дејан Урошевиќ; Музика: Дејан Пејовиќ; Сценограф: Ивана Николиќ и Фил Букелато.

Улогите ги толкуваат: Давид Торнтон (Роберт), Мирјана Карановиќ (Олга), Бранислав Трифуновиќ (Бранко), Јелена Мрѓа (Ивана) и Синди Лопер (Роуз).

Влезот чини 100 денари. Картите се во продажба на билетарата во Центарот за култура – Охрид.