Министерот Спасовски го посети повредениот полицаец од вчерашниот обид за насилен влез на мигрантите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети  полицаецот А.А. , кој беше повреден во вчерашните настани на јужната граница и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување. Вчера беа повредени уште 13 полицајци и 9 припадници на АРМ, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Полицајците и припадниците на АРМ беа повредени откако околу 3000 мигранти се обидоа на сила да влезат на македонска територија. 

повеќе...

Со право за барање азил уште 541 мигрант

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на 541 странски државјани кои илегално влегуваат на нашата територија. Во периодот од 19.06.2015 до 10.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 10.469 странски државјани, од кои, 8.086 се од машки пол, 1.307 се од женски, 1.019 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 57 деца кои…

повеќе...