Одржани Деновите на доживотно учење

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на одбележување на Деновите на доживотно учење кое се одржа во Кичево. Лутфиу потенцираше дека Деновите на доживотно учење се одржуваат под покровителство на Министерството за образование и наука уште од 2002 година. „Би сакал да искажам голема благодарност до домаќинот – Центар за развој на заедницата од Кичево и до главните организатори на манифестацијата – Центар за доживотно учење и ЈУ Центар за образование на возрасните, до партнерските организации кои се приклучуваат на оваа кампања со настани во Тетово, Струмица,…

повеќе...

Конкурс за ученици – за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“

По повод одбележувањето на илјада и сто години од смртта на Св. Климент Охридски – првиот словенски архиепископ, втемелувачот на првиот словенски универзитет, светител и просветител, Министерството за образование и наука распишува КОНКУРС ЗА ЕСЕЈ за учениците од основните и средните училишта во Република Македонија на тема “Св.Климент Охридски и моќта на словото“ I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО Право на учество на конкурсот имаат ученици од VI-IX одделение во основните училишта и ученици од I-IV година во средните училишта на територијата во Република Македонија. II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Есејот…

повеќе...

Изложба на српски уметници во МАНУ

Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите беше отворена изложба насловена „Европски контексти“ со дела на четворица српски уметници – Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Милан Коњовиќ и Богдан Шупут. На изложбата, покрај многубројните гости и љубители на уметноста присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и заменик-министерот за култура Драган Надељковиќ. Изложбата е замислена како можен поглед на некои од идеите кои биле негувани во сликарството во првата половина на 20 век – идеи поттикнати во Европа, но докрај спроведени и обликувани со локален, домашен, српски пристап. МАНУ…

повеќе...