Државниот секретар во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова, денес со свое обраќање ја отвори работилница „Планирање на сценарио – Фаза IV“ која ќе се одржува до 28.09.2016 година во Домот на АРМ. Во своето обраќање пред присутните државниот секретар Чуповска Ристова истакна дека оваа работилница која е продолжение од претходните работилници е мошне значајна особено затоа што истата се одржува непосредно после двете природни непогоди што го зафатија Градот Скопје и околината. Првата, катастрофалната поплава, која беше причинител за голем број човечки и материјални загуби и втората, неколку последователни…
повеќе...Tag: минситерство
Договорена размена на студенти меѓу Воената академија и Западниот универзитет од САД
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Џозеф Шепард, претседател на Западниот универзитет од Ново Мексико, САД, на денешната средба во Министерството за одбрана договорија интензивна соработка, размена на искуства и упатување на наши питомци и размена на професорски кадар помеѓу овој значаен универзитет и Воената академија во Република Македонија. „Постои огромен потенцијал за развој на соработката од која значаен бенефит ќе имаат и двете образовни институции. Воената академија докажа дека работи согласно највисоките стандарди, а несомнен факт за тоа е дека повеќе земји од регионот нам ни го доверуваат образованието…
повеќе...Почна обновата на опожарените конаци на Трескавец
Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец. Изведувач на градежните работи е српската фирма „Кото“. Увид во градежните работи во манастирскиот комплекс денеска изврши министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Таа изјави дека Министерството за култура за обновата на конаците одвоило два милиони евра. „Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трексавец е од највисок ранг споменик на култура. Рокот е три години. Засега се тече според планот. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежни работи. Од…
повеќе...Воведено ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси
Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 06.07.2016 година до 15.08.2016 година во термин од 7,00 часот наутро до 17,00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е…
повеќе...Кривична пријава за две лица – дилери на дрога од Свети Николе
СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Г.Н.(33) и Ф.М.(25), од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавиле наркотична дрога марихуана, наменета за улична продажба на уживатели во Свети Николе. За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ од страна на судија на претходна постапка на Г.Н. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Ф.М. одредена му…
повеќе...Заврши втората музичка работилница во Спомен – домот Тоше Проески
Учесниците на работилницата која годинава се одвиваше под менторство на најпознатиот македонски хармоникаш маестро Горан Алачки, во едукативни сесии ги изучуваа техниките и совладуваа песни низ нотни записи од различни музички жанрови … Со концерт на учесниците на работилницата за хармоника под менторство на Горан Алачки, вчера успешно заврши втората музичка работилница која од 24 до 26 јуни, се реализираше во спомен домот на Тоше Проески во Крушево. На концертот пред многубројната публика настапија специјалните гости поп звездата Елена Ристеска, и легендата на македонската народна песна Виданка Ѓоргиевска, соопшти Министерството…
повеќе...Канческа Милевска: „Битола Шекспир фестивал“ е нов македонски бренд
Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ е резултат на нашите заеднички заложби, Република Македонија да ја претставиме пред светот, но и светот да го донесеме во Република Македонија, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на денешната прес-конференција во Битола во пресрет на четвртото издание на фестивалот кој почнува утревечер. Според Канческа Милевска, „Битола Шекспир фестивалот“, низ своите четири изданија, успеа да се етаблира како фестивал кој ги обединува најдобрите остварувања на театарските куќи од светот кои презентираат свежи и смели пристапи кон творештвото на најголемиот драмски автор на сите времиња. „Во…
повеќе...