Ристовски во посета на училиштето „Јосип Броз Тито“ во струшкото село Мислешево

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска беше во посета на струшкото село Мислешево, при што направи обиколка на подрачното основно училиште „Јосип Броз Тито“. Ристовски во оваа пригода рече дека покривот на училиштето е сменет со средства обезбедени од Министерството за образование и наука, но и дека во следниот период е предвидено да се направат и други градежни активности. „Во ова училиште ништо не е инвестирано во изминатите без малку 40 години. Од 1979 година кога е изградено училиштето ова е прва покрупна инвестиција. Министерството за образование…

повеќе...

Се обеси 82 годишен жител од струшко Мислешево

Вчера во 11.50 часот Б.П. (82) од с.Мислешево – Струга бил пронајден обесен со јаже поставено на греда во штала. Од страна на ИМП-Струга констатирана е смрт со видливи повреди на предниот дел од вратот. По наредба на Јавен Обвинител врз телото на починатиот нема да се врши обдукција, а телото е оставено на фамилијата за погреб.

повеќе...

Осветен храмот Преполовение во Мислешево, Струга

Денес во Седмата недела по Педесетница и на празникот на преподобниот Сисој Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Митре Попоски, свештеникот Никола Христоски и ѓаконот Сашо Целески, изврши осветување на новоизградениот храм посветен на празникот Преполовение во с. Мислешево, Струга. Храмот се изгради со донациите на локалното население, како и со донациите на сите добронамерни верници од пошироката околија. Откако храмот беше осветен, беше отслужена и првата света архиерејска Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа.

повеќе...

Пронајдени садници марихуана во атарот на Мислешево

Насад со засадени седумнаесет садници марихуана, деновиве пронајде криминалистичката полиција од полициската станица во Струга. Посевите со марихуана, се засадени на помала земјоделска површина во атарот на струшкото село Мислешево на место со бујна вегетација во близина на реката Сатеска. Засега непознат сторител, од почетокот на годинава, на земјоделската површина ги засадил и одгледувал садниците со марихуана кои, по оперативен пат се лоцирани од страна на полициските инспектори. За пронајдениот насад со марихуана, запознат е јавниот обвинител од Основниот суд во Струга по што насадите се подигнати од местото и…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанка поради узурпација на недвижност

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против В.К.В.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“. Во текот на 2015 година пријавената во катастарска општина Мислешево узурпирала 599 метри квадратни државно земјиште лоцирано покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан, притоа оградувајќи го и со насипување на песок, со што овозможила пристап од магистралниот пат до имотот, кое подоцна го изнајмувала како паркинг простор.

повеќе...