Во просториите на Агенцијата за млади и спорт денеска беше организиран прием за Андреј Стојановски, момчето што освои сребрен медал на неодамна завршеното Светско првенство во пливање за лица со оштетен слух, кое од 17-22.08. годинава се одржа во Сан Антонио, САД. 20-годишниот Стојаноски во дисциплината 1.500 метри слободен стил, оствари време кое му беше доволно да го освои сребрениот медал. Тој имаше најдобар резултат во квалификациите, со што се пласира во финалето на трката од 1.500 метри слободно и со време од 16 минути, 57 секунди и 13 стотинки…
повеќе...