Намален бројот на сообраќајни незгоди во Охрид

Воспоставување стабилен режим во сообраќајот за време на летната туристичка сезона, беше една од главните мерки и заложби на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Целта на интензивно преземените мерки и акциски контроли, беше подигнување на степенот на сообраќајната безбедност во градот и околните населени места, почитување на сообраќајните правила и прописи, поголема сообраќајна фрекфентност на сообраќајниците и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли беа преземани во текот на целото деноноќие, во централното градско подрачје но и надвор од градот, со физичко присуство на полициски службеници…

повеќе...

Предавања во средните училишта „Однесувањето на средношколците при сообраќајни несреќи

Во рамки на заедничката соработка на Локалната самоуправа и Територијалната противпожарна единица , деновиве се одржаа предавања во средните училишта на тема „Однесување на средношколците при сообраќајни несреќи“, во кои се предвидува едукација на ученици од III и IV година. Првично предавања се одржаа со ученици од трета година од ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ „ Св.Наум Охридски“. Целта на проектот е да се подигне свеста за последиците од сообраќајните незгоди, како да се повикаат телефоните 192-Полиција, 193-Противпожарна бригада и 194-Брза помош, да се…

повеќе...