Јавното обвинителство се прогласи за ненадлежно за жртвите од невремето

Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, се вели во соопштението, што денеска го испратија од таму. Од Обвинителеството велат дека во неделата дежурниот јавен обвинител бил извесен од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Скопје дека има човечки жртви од невремето. Според Јавното обвинителство, кое се повикува на одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП), надлежен јавен обвинител, издава наредба за обдукција и врши увид на местото само кога постојат сомненија за…

повеќе...

Хојт Ји утре доаѓа во Македонија

Утре во Македонија доаѓа заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, потврдиле за „Радио Слободна Европа“ од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје. Засега не се знае неговата агенда и со кого сè ќе се сретне. Тој доаѓа во време на сериозна политичка криза, закажани избори на 5 јуни на кои ќе учествува само ВМРО-ДПМНЕ и засега неуспешни обиди да се најде начин за промена на датумот на изборите и за повлекувањето на аболиција од претседателот Ѓорге Иванов. Последен пат Ји во…

повеќе...

Јанева: И претседателот и пратениците и уставните судии се избрани нелегитимно

Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување. „Во случајот „Титаник“ се работи за осомничени лица за изборни манипулации на изборите во 2012, 2013 и во 2014 година. Овие лица за кои е отворена истрага, биле или сè уште се на високи функции…

повеќе...

СЈО: Дали Јанева ќе оди на седница ќе кажеме кога ќе добиеме известување од Советот

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ќе одлучи и ќе каже дали ќе присуствува на седницата на Светот на јавни обвинители в среда, за кога е презакажно разгледувањето на нејзиниот извештај, откако ќе добие писмена покана од Советот, кој денеска го одложи разгледувањето на документот поради неприсуството на Јанева. „Првин да добиеме писмено известување од Советот на јавни обвинители за седницата, па ќе се произнесеме во јавноста за нашиот став. Во овој момент не можеме да даваме коментари на изјави изнесени во јавноста“ – ни изјави портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче…

повеќе...

Јанева нема да присуствува на седницата на Советот на обвинители за извештајот

Советот на јавни обвинители денеска на седница, закажана за 10 часот, ќе го рагледува извештајот за шестмесечната работа на специјалната обвинителка, Катица Јанева, што таа пред три дена го поднесе до Советот и до Собранието на Рапублика Македонија. На седницата ќе присуствува републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој е член на Советот на јавни обвинители по службена должност, а поканета да присуствува е и специјалната обвинителка. Сепак, како што потврдија за „Мета“ од Специјалното јавно обвинителство, Јанева нема да присуствува на седницата. Оттаму велат дека специјалната обвинителка нема законска обврска…

повеќе...

СЈО: Јанкулоска штанцала лични карти, Божиновски рекетирал фирми, а Јанакиески остварувал на терен

Основниот суд Скопје 1 ги објави решенијата со кои како неосновани ги одби барањата и жалбите на Специјалното јавно обвинитество (СЈО) за одредување притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Од материјалот објавен од судот може јасно да се видат причините поради кои СЈО барало притвор, како и детали за улогите на главните осомничени во акцијата – поранешните министри за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски. Во решенијата осомничените се наведени само со иницијали, а функциите што ги извршувале…

повеќе...

СЈО бара ангажирање на полициски службеници за физичка заштита

Од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) денес до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за обезбедување полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на обвинителите при оваа институција. Имено, со оглед на високиот степен опасност по животот и личниот интегритет при вршењето на работните задачи во СЈО, од МВР е побаран одреден број полициски службеници како за ЈО Катица Јанева така и за нејзините соработници- обвинители. Министерството за внатрешни работи ќе…

повеќе...

Катица Јанева и официјално специјален јавен обвинител

Катица Јанева и официјално е специјален јавен обвинител. Советот на јавни обвинители доцна синоќа на предлог на Собранието едногласно ја избра Катица Јанева за специјален јавен обвинител. Со оваа одлука беше испочитуван крајниот рок предвиден со договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Јанева ќе има задача да ги гони кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации. Новиот специјален јавен обвинител денеска треба да даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители, со што и официјално ќе ја преземе новата должност. Собранието едногласно…

повеќе...