На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на единаесет месечниот Кирил Митрески од Охрид кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок. „Посакувајќи нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно детство, здрав и среќен живот, полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата хуманост ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства за лекување како и со донирање преку…
повеќе...Tag: операција
Успешно изведена првата минимално-инвазивна интервенција на Клиниката за кардиохирургија
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Универзитетската клиника за државна кардиохирургија каде првпат беше изведен минимално-инвазивен зафат. Тимот македонски и српски лекари кој синоќа ја изврши интервенцијата, беше предводен од словенечкиот примариус д-р Миладин Ѓоргевиќ. Направена е замена на валвула со рез два до три пати помал од вообичаениот во кардиохирургијата. Пациентката стара 73 години, се чувствува добро и веќе се опоравува. „Со воведувањето на овој метод, Клиниката за кардиохирургија, иако најмлада, направи крупен исчекор во подобрувањето на нивото и квалитетот на здравствената услуга“, изјави министерот, изразувајќи голема…
повеќе...Потребни се средства за итна уролошка операција на охриѓанецот Петкоски Јовче
Потребни се средства за итна уролошка операција на охриѓанецот Петкоски Јовче. Операцијата чини 4 илјади евра, а Петкоски треба да се оперира во Белград. Сите хумани луѓе можат да донираат средства на Жиро сметка во Охридска Банка: 530500003562961. Донациски број од мрежата на Т-мобиле: 070 143 111. Дополнителни информации на телефон 076/817511.
повеќе...Откажување на бубрезите по операција – Тема на третото собрание на здружението за кардиоваскуларна хирургија на Р. Македонија
Бубрежно затајување може да се случи секому, посебно по тешка операција, дури и на оние пациенти кои претходно немале никаков проблем со бубрезите. Кои се причините, подобра превентива, нови начини на лекување и како да се спречи да прерасне во хроничен проблем, се теми на кои светската медицинска јавност забрзано истражува. Што е ново во светот, што се применува во Македонија и што може да се направи – на оваа тема врвни лекари од Македонија и странство во вторник (23.09.2014год) ќе дебатираат во рамки на собранието на Здружението за кардиоваскуларна…
повеќе...