Отворена првата државна кардиохирургија

Првата државна кардиохирургија е пуштена во употреба денеска во рамки на Скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за здравство Никола Тодоров, медицинскиот персонал кој ќе работи во оваа болница, странските доктори кои помогнаа за едуцирање на тимот проф. Предраг Милиевиќ од Институтот за кардиоваскуларни заболувања од Дедиње, проф. Омер Џемаили од Клиниката Триемли во Цирих, проф. Антонио Маруло од Клиниката Сапиенца во Рим, Италија и проф. Бојан Биочин од Клиниката за кардиохирургија Ребро, директорите на ФЗОМ и на клиниките. „Ова беше сон на многу…

повеќе...

Успешно изведена првата минимално-инвазивна интервенција на Клиниката за кардиохирургија

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Универзитетската клиника за државна кардиохирургија каде првпат беше изведен минимално-инвазивен зафат. Тимот македонски и српски лекари кој синоќа ја изврши интервенцијата, беше предводен од словенечкиот примариус д-р Миладин Ѓоргевиќ. Направена е замена на валвула со рез два до три пати помал од вообичаениот во кардиохирургијата. Пациентката стара 73 години, се чувствува добро и веќе се опоравува. „Со воведувањето на овој метод, Клиниката за кардиохирургија, иако најмлада, направи крупен исчекор во подобрувањето на нивото и квалитетот на здравствената услуга“, изјави министерот, изразувајќи голема…

повеќе...

Тодоров: Државната кардиохирургија комплетно готова до средината на јануари

До средината на јануари комплетно ќе биде готов просторот на Државната кардиохирургија со две операциски сали, интензивна нега и постинтензивна нега, најави министерот за здравство Никола Тодоров. На отворената владина седница, која траеше до раните утрински часови, Тодоров информираше дека е екипиран кадарот, а од средината на март како ментори во Државната кардиохирургија ќе дојдат кардиолози од Цирих. „Овој проект го започнавме некаде на почетокот од оваа година со основањето на Државна кардиохирургија. Тоа е проект којшто е повеќе децении најавуван, почнуван, но не успеал да се реализира. Сега работата…

повеќе...