Одбележан патрониот празник на Детската градинка „Јасна Ристеска“

Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ со свеченост што вечерва се одржа во спортската сала „Атина Бојаџи“ при СРЦ „Билјанини извори“ го одбележаа патрониот празник на установата. Најмладите и останатите присутни ги поздрави Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Човек се чувствува прекрасно во овој амбиент полн со детски жагор и ведрина, растреперени срца и позитивна енергија. Чест ми е токму во ваков амбиент, во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име, да Ви го честитам утрешниот празник 7 Ноември -Денот на ослободувањето на Охрид и патрониот празник…

повеќе...