Викендов во Охрид започнаа заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници од македонското и српското министерство за внатрешни работи. Заедничките активности ќе се одвиваат со цел зголемување на степенот на безбедноста во Охрид, размена на информации и продлабочување на меѓусебната полициска соработка. При спроведувањето на полициските мерки на терен, српските полициски службеници ќе даваат поддршка на полициските службеници од СВР Охрид во активностите насочени кон обезбедување на јавниот ред и мир, контрола на угостителските објекти и ќе бидат поддршка на македонските и на државјаните на Република Србија кои за време на…
повеќе...