Вечерва и утревечер ќе се прска против белите пеперутки во Охрид

Се известуваат пчеларите од Охрид да преземат мерки за заштита на пчелите, затоа што службите на Центарот за јавно здравје на ден 25.06 и 26.06 2016 ( сабота и недела) во вечерните часови ќе прскаат против „бели пеперутки“. Ќе се прска на потегот од градското пристаниште до хотел „Парк“ односно ќе биде опфатено јавното осветлување по кејот. Акцијата ќе се спроведува во период од полноќ до 3:00 часот. Белите пеперутки повторно го „нападнаа“ Охрид

повеќе...

Белите пеперутки повторно го „нападнаа“ Охрид

Белите пеперутки повторно го „нападнаа“ Охрид. Поради појавата на овие пеперутки, граѓаните не смеат да ги отворат прозорците. Тие се загрижени, бидејќи како што велат дека и најмал допир со вакви пеперутки предизвикува алергиска реакција. Воедно апелираат до надлежните што поскоро да преземат соодветни мерки, со што би се спречило нивно поголемо размножување. Пеперутките се бели, преку ден мируваат, а штом се стемни почнуват да летаат околу светилките. Овие пеперутки се појавија во Охрид и минатата година на почетокот од јули. WebOhrid

повеќе...