Вечерва и утревечер ќе се прска против белите пеперутки во Охрид

Се известуваат пчеларите од Охрид да преземат мерки за заштита на пчелите, затоа што службите на Центарот за јавно здравје на ден 25.06 и 26.06 2016 ( сабота и недела) во вечерните часови ќе прскаат против „бели пеперутки“.

Ќе се прска на потегот од градското пристаниште до хотел „Парк“ односно ќе биде опфатено јавното осветлување по кејот.

Акцијата ќе се спроведува во период од полноќ до 3:00 часот.

Белите пеперутки повторно го „нападнаа“ Охрид